Светски ден на здравјето – 7 април

Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април и претставува глобален повик за унапредување на здравјето, подигање на свеста за приоритетните здравствени прашања и унапредување на квалитетот на животот на луѓето ширум светот. Овој ден е се одржува под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) и се одбележува уште од 1950 година, а одлуката е донесена во 1948 година.

Светскиот ден на здравјето е воспоставен со цел да се привлече вниманието кон клучни здравствени теми кои имаат глобално значење. Избран е датумот 7 април, како денот кога е формирана СЗО, со што се симболизира посветеноста на светската заедница кон здравствената грижа како основно човеково право.

Секоја година, овој ден се фокусира на различна тема што претставува предизвик за глобалното здравје – како што се менталното здравје, заштитата на јавното здравје, климатските промени, здравјето на мајките и децата, пристапот до здравствени услуги и многу други

Главните цели на Светскиот ден на здравјето се:

  • Да се подигне свеста за одредена здравствена тема што е приоритетна за годината.
  • Да се поттикнат владите, здравствените институции и граѓаните да преземат активности за унапредување на здравјето.
  • Да се укаже на потребата од еднаквост во пристапот до здравствена заштита.
  • Да се поттикне солидарност и соработка помеѓу земјите во борбата против глобалните здравствени закани.

Слични Објави