25,3 милиони килограми тутун, со просечна цена од 419,15 денари за килограм
До сега се откупени 25,3 милиони килограми тутун, со просечна цена од 419,15 денари за килограм, во вкупна вредност од околу 170 милиони евра, од кои 95,6% се веќе исплатени на тутунопроизводителите кои го предале својот род.
Секоја откупна компанија ќе има отворен најмалку еден откупен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари.
Во Прилеп, како најголем тутунопроизводствен регион во државата, откупот се одвива непречено, со отворени пунктови на повеќе локации, а производителите редовно го предаваат својот род, при што исплатата на средствата се врши континуирано и навремено.



