| |

Пелистер и „Чкембари“ донираа за семејствата од трагедијата во Кочани

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, заедно со својата верна навивачка група „Чкембари“, повторно ја докажа таа сила, донирајќи го целиот приход од последниот натпревар за семејствата погодени од трагичниот настан во Кочани. Дополнително, „Чкембари“ реализираа и посебна хуманитарна акција со која беа собрани дополнителни средства за поддршка на настраданите.

Од Битола, од срце за Кочани!

„ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори…“ стои во соопштението

Слични Објави