|

Прилепчани ќе добијат НОВ ПАРК на површина од над 3000м2

Прилепчани ќе добијат нов парк на површина од над 3000м2, пред мостот кај касарната ,, Мирче Ацев’’.

„По барање на жителите од станбената населба на ул. „Васко Карангелески“ а Согласно важечкиот Детален урбанистички план, започнуваме со оплеменување на овој запоставен простор, во кој што ќе има зелени површини, бекатон патеки, поставување на соодветна урбана опрема, листопадни и зимзелени дрва, ивично обележување во должина од 500 метри и уредување на паркинг просторот за жителите.

Посебно внимание ќе посветиме и на определување еколошки острови и поставување на комунална инфраструктура за одлагање на отпад и исфрлање на отпадоци. За потребите на овој парк е ископан и бунар за технолошка вода кој е предуслов за изградба на парковски површини и летно одржување. Продолжуваме со раззеленување на општина Прилеп со нови парковски површини и уредување на катчиња во кои што нашите сограѓани ќе можат да го поминуваат своето слободно време.“ вели градоначалникот Борче Јовчески во објавата на ФБ.

Слични Објави