„Памп Трак“ нови 900 метри за адреналински спортови

Заврши асфалтирањето на Памп Трак полигонот во Градскиот парк во Битола

Денеска завршија активностите за асфалтирање на новиот „Памп Трак“ полигон за велосипедисти во Градскиот парк во Битола. Проектот, кој опфаќа површина од 900 м², беше реализиран за само две недели и ги исполнува сите еколошки стандарди, вклучувајќи заштита на животната средина и зачување на јавниот зелен простор. Дополнително, околниот простор ќе биде хортикултурно уреден, во согласност со временските услови.

Проектот е финансиран со средства од општинскиот буџет во висина од 5.216.343,00 денари, а изградбата на оваа спортско-рекреативна содржина е значаен придонес за љубителите на велосипедизмот во Битола. Памп Трак патеката ќе биде надополнување на постојните велосипедски патеки кои се веќе во изградба, со што ќе се создаде нова и модерна инфраструктура за спорт и рекреација.

Новиот Памп Трак полигон е дизајниран како адреналинска патека која ќе им овозможи на љубителите на велосипедизмот, скејтбордингот и ролерските активности да уживаат во забавно возење во безбедна и контролирана средина. Во следниот период се очекува техничкиот прием на патеката, по што ќе биде отворена за јавноста.

Овој проект е важен чекор во развојот на спортските активности и подобрувањето на јавната инфраструктура во градот, а истовремено претставува и нова атракција за сите посетители на Градскиот парк.

Слични Објави