ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ НА НОВООТКРИЕНИТЕ БИСТИ НА КАРАНГЕЛЕВСКИ И ГУДОВСКИ
Вчера во Градскиот парк во Битола, Градоначалникот Тони Коњановски положи свежо цвеќе на новооткриените бисти на истакнатите борци од НОБ, Васко Карангелевски и Пецо Гудевски. На свечениот настан беа присутни претставници на Советот на Битола, претставници на Сојузот на Борци, претставници од министерството за одбрана, претставници на политички партии, како и блиски членови на семејството и пријатели.
На свеченоста беше истакната богатата антифашистичка историја на градот и жртвите кои ги положија своите животи за денешната слобода.
Васко Карангелевски родум од Брусник, Битолско бил македонски комунист, првоборец, генерал – полковник на ЈНА. За народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година. Во негова чест, се наречени една улица во општина Битола и една во општина Аеродром. Во војната учествувал од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Заедно со одредот, Васко Карангелевски се движел по планините Пелистер, Баба, Вич. Од неговите подвизи, се издвојува декември 1943 година, кога германците подготвувале офанзива против бригадата, каде учествувал во борба гради во гради. Учествувал во февруарскиот поход со баталјонот „Стив Наумов“ . Кога била формирана Третата македонска ударна бригада, Карангелевски бил назначен за командант на баталјон со кој учествувал во многу борби.По ослободувањето дипломирал на Воена академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на тогашната ЈНА. Васко Карангелевски е македонски генерал и уште една личност од македонската историја, која го загубила животот во слобода на 3 февруари 1977 во неразјаснет мистериозен лов.
Пецо Гудовски е роден во селото Лавци, Битолско. Носител е на многубројни одликувања и признанија, меѓу кои и Партизанска споменица 1941, орден заслуги за народ со златна ѕвезда, Орден народна армија со ѕвезда, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден братсво и единство, Орден за храброст и многу други. Неговите први активности започнуваат на негова 16годишна возраст кога како служител во основното училиште ги имал со селскиот учител Тодор Ангелевски -Тошо Даскало Строгов. Под сомнение дека одржува вски со Тошо Даскало, бил уапсен од бугарската полиција, држен и измачуван повеќе од 40 дена. Во април 1943 година, заминал во партизани, првите денови воп одредот „Даме Груев“ а потоа во одредот „Гоце Делчев“. Со одредот„ Гоце Делчев“ учествувал во борбите во Егејска Македонија и Преспа.
„Вечна им слава на Хероите на народно – ослободително движење!