Преглед на работните активности на повеќе локации во општина Битола
Со цел поддршка на отвореност и транспарентност на податоци, општина Битола изврши преглед на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности. Оваа активност е дел од реализацијата на планирани проекти што ги има општината.
Во делот на прифатилиштето за бездомни животни, општината е во завршна фаза на постапување, согласно добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, активно се работи на изградбата на детската градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата „Захарија Шумљанска“, а во Горно Оризари во тек е изведба на водоводна мрежа.
Со овие активности, општината уште пред официјалниот почеток на градежната сезона, веќе работи на реализација на проектите, согласно Програмите за работа. Ова покажува дека општината е активно ангажирана во реализацијата на своите стратегии и во постигнувањето на целите што ги има за подобрување на условите за живот на граѓаните.