| |

Предавање во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во просториите на Младински културен центар Новаци се одржа предавање во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Реализатори на предавањето беа м-р Елизабета Јончиќ, проф. по Македонски јазик и книжевност и Ирена Димовска-Митревска, проф. по Англиски јазик и книжевност. Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски им се обрати на присутните и во својата поздравна реч го истакна значењето на мајчиниот јазик како и потребата за негово постојано претставување и надоградување. Исто така истакна дека младите треба да се однесуваат со почит и внимание кон својот јазик со цел да ја зачуваат и негуваат неговата автохтоност. На предавањето се обрна внимание на историскиот развој на македонскиот јазик од почетоците до денес. Притоа посебен акцент се стави на прашањето колку е важно да се сочува јазикот при предизвиците со коишто се соочуваат јазиците во меѓусебното поврзување на целиот свет вклучувајќи го и влијанието на англискиот јазик како сеприсутен. Општина Новаци ги поддржува ваквите иницијативи за општокорисни предавања коишто имаат едукативно влијание посебно за младата популација и подигање на свеста за значењето на мајчиниот јазик. Настанот го модерираше Иванчо Петковски од здружението Младинска граѓанска акција, додека стихови читаше Теодора Наумовска.

Слични Објави