Ресен се приклучува на кампањата за транспарентност „Општина на дланка“
Општина Ресен стана дел од кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку унапредување на општинските веб-страници.
Кампањата е иницирана од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во соработка со Министерството за локална самоуправа.
Преку оваа соработка, Општина Ресен ќе работи на подобрување на достапноста на информациите за граѓаните и унапредување на дигиталните услуги. Целта е да се создаде модерен и ефикасен начин на комуникација со граѓаните, што ќе придонесе за транспарентност и подобрување на услугите.
Со оваа иницијатива, Општина Ресен потврдува дека останува посветена на развојот и на одговорното управување во интерес на своите жители. Општина активно соработува со овој проект со цел:
- Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
- Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
- Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
- Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
- Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
- Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.
Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.
„Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.
Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.“
Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.
Вклучете се во креирање на транспарентна општина.
Дознајте повеќе за Општина на дланка (мк)
- Видео