Ако патувате во Грција, внимавајте — невреме со силен ветер и грмежи се приближува кон Халкидики и Солун
Невреме се приближува кон северна Грција: Предупредување за Халкидики и Солун
Грчката национална метеоролошка служба издаде црвено предупредување за опасни временски услови што ќе ја зафатат земјата во текот на 24 и 25 јули. По неколкудневниот топлотен бран, се очекуваат поројни дождови, грмежи, силен ветер и локална појава на град.
Според прогнозите, во петок нестабилното време ќе ги зафати Халкидики, Солун и други делови од северна Грција. Поради ризикот од невреме, грчките власти прогласија највисок степен на подготвеност во повеќе региони и ги повикаа граѓаните и туристите да бидат особено внимателни.
Надлежните препорачуваат навремено напуштање на плажите при приближување на невреме, избегнување престој во море и ограничување на патувањата за време на најсилните врнежи.
Се очекува временските услови постепено да се стабилизираат во текот на сабота, но локално силни врнежи и грмежи се можни во делови од Егејското Море.
Во моментот на проверката официјалната страница со предупредувања на – https://www.emy.gr/en/warnings?tab=mainland&area=current-alerts


