Метастазите исчезнале по експерименталната руска терапија
Првиот пациент кој ја примил експерименталната руска персонализирана вакцина против рак „Неоонковак“ го завршил третманот, а лекарските прегледи покажуваат дека претходно откриените метастази повеќе не се забележуваат. Во изминатите четири месеци не биле откриени ниту нови туморски промени. Ова го соопшти академикот Александар Гинзбург, научен директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија…


