ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД „ФЕНИКС“ СЛАВИ 10 ГОДИНИ
Драги пријатели,
10 години извидници во Прилеп, да, тоа е производ од целиот вложен труд на нашите волонтери и водачи. Точно 10 години во Прилеп постои нашата организација со уникатна програма која ги учи децата и младите на трајни вредности.
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на свечена прослава по повод 10 годишното постоење на нашиот извиднички одред „Феникс“ – Прилеп. Свечената прослава ќе се одржува на 1 март 2025г. во 12 часот во киното Мис Стон во Прилеп.
Поканата можете да ја најдете прикачена на овој мејл. Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство со број на гости најкасно до 22 февруари 2025г. на овој мејл или кај Дино 075 708 303.
Извиднички поздрав,
ИО „Феникс“ – Прилеп