Поповски: Рамниот данок треба да се напушти

Никола Поповски, поранешниот министер за финансии, во склоп на
експертскиот панел: „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, потенцира дека рамниот данок треба да се напушти, бидејќи ги крати буџетските приходи и го продлабочува проблемот со растечките социјални разлики.

Перспективите во даночната политика се прилично нејасни вели Поповски, бидејки 25 години наназад моделот на оданочување го менуваме во просек на секои пет години. Даночните обврзници се несигурни во системот, дали стапката ќе биде прогресивна или пропорционална и затоа неопходно е, вели тој, даночната политика да се стабилизира и да се внесе поголема сигурност.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар