Павловска-Данева: Кој кого гони за прекршок?

Постојниот Закон за прекршоците е донесен во 2015 година. Со постојното законско решение кое ја уредува прекршочната област се даде можност на органи на управата преку прекршочните комисии кои функционираат во рамки на овие органи да изрекуваат енормно високи глоби, додека судската заштита не го одлагаше нивното извршување, со што во голем обем се  отстапи од вистинското значење на поимот прекршок.

Висината на глобите како и правната заштита на граѓаните и компаниите од евентуални незаконски решенија за прекршоци ги доведува во прашање доследната примена на начелата на владеење на правото, правната сигурност, правичноста и сразмерноста.

„Во овој момент во државава, ниту се знае за кој прекршок кој орган или Суд е надлежен, ниту со колкави казни се казнуваат прекршителите, ниту како понатаму ќе тече правната заштита, или жалбената постапка затоа што на почеток, не знаеме кој ја изрекува прекршочната санкција.

Новиот закон предвидува дека глоба од над 1000 евра не може да оди во орган на управа, не може службеник да изрекува глоба над 1000 евра, сеедно дали ќе биде за физичко или за правно лице“ – вели Ана Павловска Данева.

Изјавата на Павловска-Даневае дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.

Погледнете повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар