Беса Арифи: Не зависат сите работи од еден човек, како што беше минатите 11 години

„Во процес на реформи сме со децении. Не само законите да се реформираат, треба да се реформира начинот на кој тие се применуваат. Како што е берзата показател и на економијата, но и на политиката, показател на успешноста се големите случаи, кои се водат во судовите од страна на СЈО и случајот со 27 – ми Април. Тоа е проверка на успешноста на реформите.
Дали самите судии сакаат да бидат независни. Тоа е тест. Овие случаи се тој тест. Сега се судовите послободни да го „решат тој тест“. И сегашни министри се осомничени лица, па нема да им биде лесно.
Кога премиерот говореше за помирување, сите слушнаа „амнестија“, за „помилување“. Тоа би значело дека, ако премиерот сака, тоа ќе се случи, иако тој нема никаква надлежност за тоа. Ако има независно судство, тоа не може лесно да се направи. Треба обвинителот да се повлече од обвиненијата, што не е лесно. Тоа говори за менталитетот, кој е оформен и што очекуваат пратениците, судиите, граѓаните. Тој менталитет може да се смени само ако институциите делуваат спрема своите компетенции.
Не зависат сите работи од еден човек, како што беше минатите 11 години. Тоа е тестот на реформите.
Така ќе знаеме дали реформите на правосудството успеваат“ – кажува Беса Арифи, на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар