Да престанеме да бидеме „кафански мислители“ да започнеме да бидеме граѓани
Кога минатата година АГТИС го започна проектот „Отворени општини со отворени податоци“, само малку општини имаа објавено потребни податоци на своите сајтови. Сега е тоа „нормална работа“ скоро за сите општини. Далеку е од доволно, далеку е од вистинска отвореност, транспарентност и искрено информирање на граѓаните за одлуките и плановите, кои секоја општина мора да ги носи (по закон), но „нешто се движи“.
Едно остана скоро исто. И тогаш и сега, граѓанинот сака да си прави „неврзани муабети“ од типот „уа лопови“, „ниту работат, ниту им е гајле“ и сл, но (ПОВТОРНО) не одат во општинските сали да го кажат своето мислење и да учествуваат во носењето одлуки. Не е шега, затоа што општините (можеби не што сакаат) МОРААТ да имаат јавнна дебата скоро за секоја важна одлука и план. Впрочем, тоа е и главна забелешка на ДЗР кога ги „тресе“ општините: Сте донеле одлука без граѓаните.
Искрено: ОДЕТЕ и НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ НЕЖНИ! Општините мораат да ве сослушаат и да ви одговорат на секое ваше прашање. Законот ги тера на тоа. Да престанеме да бидеме „кафански мислители“ и да започнеме да бидеме граѓани и да ги ПРИТИСКАМЕ општините да работат подобро и да носат одлуки ЗА НАС, а не ЗА НИВ. Со кафански муабети тоа не е можно!!!
Скечот е по идеја на АГТИС