Ана Павловска Данева – Ветинг на судиите

Ветинг на судиите, односно оценката на судиите дали заслужиле да си ја задржат судиската тога, не бил дозволен од меѓународниот фактор, тврди професорката Ана Павловска Данева, на експертскиот панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.
Идејата за ветинг на полициските службеници – најавена од министерот Спасовски е следна работа за проценка.

Данева смета дека таков ветинг и контрола дали повисоките службеници во МВР законски работеле во службата, е потребен и во јавната администрација, затоа што само неколку луѓе работат во цела институција. И таму реформите траат со децении, ама главно се останува на хартија. Секоја реформа е политичка одлука, а експертската јавност може да даде критички осврт за подобрување на реформите, заклучува Данева.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар