(видео) „An Echo of a Dark Melody“ на Филип Јездиќ – Новото ехо на макеоднската алтернативна сцена
Овој пат со „An Echo of a Dark Melody“, Филип Јездиќ. прилепскиот мултиинтрументалист, ни носи мистична енергија, со брутален текст и заедно со вокалот на Серафим звучи како од некој друг, длабок сосема различен од свет.
Зад музиката, текстот, аранжманот и изведбата стои самиот Јездиќ. едночовечен оркестар кој ги свири сите инструменти: гитари, бас, клавијатури и тапани, вокалите се на Серафим.
Продукцијата, миксот и мастерингот се на Томе Темелкоски, а видеото на Јосиф Трајкоски
Во реализацијата се вклучија и Горан Тренчевски, Наташа Ачански и учениците од ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, на кои Филип се заблагодарува за поддршката и инспирацијата.
Со „An Echo of a Dark Melody“, Јездиќ уште еднаш докажува дека автентичната македонска сцена има своја длабочина и своја темна, убава ехо-мелодија.



