|

Општините се обврзани со закон да канат на дебати – Од наша страна будност и присустност

Проектите можат да му служат на народот, ако се тоа нивни приоритети или на некого друг, но пак ќе биде „во име на народот“.

Затоа, не ги оставајте сами општинарите во вашите сали, како што е сега случај. Одете на јавни расправи, планирања за идната година, буџетски дебати. Така нема да им помине хотел за миленичиња, во селата, каде има стотини такви хотели и се викаат штали, како што им поминаа мостови, а пат до мостот нема, повторно и повторно поплочување на центарот на градот и напрви – разруши проекти.

Општините се обврзани со закон да канат на такви дебати. Од наша страна: Будност и присустност.

Перформансата е по идеја на АГТИС во соработка со Зевземанија.

Слични Објави