|

Презентирани приоритетите потенцирани од страна на граѓаните на Општина Демир Хисар

На 15.12.2023 во Демир Хисар, Младински културен центар- Битола, како дел од коалицијата „Форум за граѓански дијалог“ организираше јавна дискусија со претставници на општинската администрација, институции и граѓани.

На јавна дискусија се презентираа приоритетите кои беа потенцирани од страна на граѓаните за период 2023-2025 година и нивната досегашна реализација. Исто така овие приоритети беа дел од мониторинг процес во текот на претходните активности, такашто резултатите од овој мониторинг беа презентирани пред јавноста.

На јавната дискусија присусвуваше и градоначалникот Никола Најдовски на општина Демир Хисар, кој го даде осврт на имлементацијата на проектите кои беа реализирани од страна на општина Демир Хисар и надвор од приоритетите кои беа дел од потпишаниот Меморандум за реализација на граѓански приоритети.

Она што е од особена важност е дека преку ваквите иницијативи се поттикнува дијалогот помеѓу општината, институциите и граѓаните со цел добро планирање на општинскиот буџет и реализацијата на проектите и програмите на годишно ниво.

Активноста ја реализира Коалицијата – Форум за граѓански дијалог и е поддржана од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Владата на Шведска.

Фото – МКЦ Битола

Слични Објави