Денес си опоменет – утре можеш да бидеш казнет!

Општина Прилеп во соработка со учениците од сообраќајната единица при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и со поддршка од сообраќајната полиција, реализира едукативна акција за правилно паркирање и безбедно учество во сообраќајот, која што ќе продолжи во наредниот период.

Преку делење на едукативни флаери, ги потсетуваме возачите дека:

• Пешачките зони и тротоарите мора да останат слободни!

• Сообраќајната култура спасува животи!

• Паркирањето на несоодветни места може да има сериозни последици!

Им благодариме на младите сообраќајци за нивната посветеност и на сите граѓани кои со своето однесување придонесуваат за побезбедна и поуредна општина.

Да бидеме одговорни учесници во сообраќајот – заедно креираме безбеден Прилеп!

Слични Објави