|

Не чекајте други да одлучуваат за вас – Финална форумска сесија во Ресен

Во четврток 25.01.2024. година со почеток од 13:00 часот, во Големата сала во Општинската зграда во Ресен, ќе се одржи четвртата форумска сесија. На оваа финална форумска сесија, учесниците ќе имаат можност да ги приоретизираат предлог проектите кои го поминаа форумскиот процес и за кои сметаат дека се значајни за развојот на локалната заедница.

Присуството и активно учество на граѓаните е од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на регионалниот форумски процес.

На предходните – предвидени форумски сесии присутните дискутираа за проблеми кои ја засегаат општината и понудија решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, со кои ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.

Форумски сесии кои ги спроведува Општина Ресен се во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2 фаза“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општините.

Форумот на заедницата е форма на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето одлуки кои се важни за нивниот живот и за самата заедница.

  • Форумот на заедницата ѝ служи на општината да развие транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните, но и граѓаните да развијат чувство на одговорност за трошењето на општинските средства.
  • Во Форумот, граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат одлуката.
  • Форумите се организираат заради јавно расправање и постигнување согласност на локалната јавност за општинскиот буџет, за приоритетите во документите за стратешки локaлен развој, за утврдување проблеми и решенија за одредени прашања од надлежност на локалната самоуправа, како и за предлагање и избор на проекти или заради развивање проекти од интерес на заедницата.

На форумите се дискутира и се донесуваат одлуки само за прашања кои се во надлежност на локалната самоуправа, како што се комунални дејности, инфраструктура, образование, локален економски развој, спорт и рекреација, социјална заштита итн.

Слични Објави