За помалку од 5 месеци повторно никна дива депонија кај Вештачко езеро

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп денеска повторно ја чисти дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде се натрупани градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика и мешан комунален отпад.

Иако локацијата беше целосно исчистена во ноември минатата година во рамки на еко акција организирана од Општина Прилеп и „Комуналец“, само неколку месеци подоцна повторно е претворена во депонија.

Од јавното претпријатие велат дека секојдневно добиваат реакции од граѓани, а директорот Љубиша Јовановски апелираше до граѓаните и компаниите да покажат поголема одговорност кон животната средина.

Според него, Општина Прилеп за оваа година има издвоено 4,2 милиони денари исклучиво за чистење диви депонии – средства кои, како што посочи, би можеле да се искористат за други потреби на граѓаните.

Директорот на ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп, Љубиша Јовановски со апел преку медиумите да проработи свеста и совеста кон животната средина, а парите кои беспотребно се трошат само за чистење да се пренаменат во материјални добра за сите граѓани.

,, За годинава општината има одвоено буџет од 4.200.000,оо денари, исклучиво за чистење на диви депонии. Верувам дека граѓаните, а посебно градежните фирми ќе покажат разбирање, и секој отпад кои самоиницијативно го одложуваат, а не припаѓа во категоријата комунален отпад ќе го одложат во депонијата во Алинци, каде за граѓаните влезот е слободен, со работно време до 15 часот. Неразбирливо е во 21 век, кога светските организации укажуваат секојдневно на последиците од неправилното третирање на отпадот, ние како граѓани да сме имуни и сеуште да поставуваме со отпадот на своја рака”, потенцираше Јованоски.

Од „Комуналец“ потсетуваат дека граѓаните можат да изнајмат контејнер од 5 м³ за 1.360 денари или трактор за 620 денари, додека за габаритен отпад секој четврток и петок функционира бесплатна линија со претходно пријавување на 048/428-992.

За крај, од претпријатието порачуваат: „Секој отпад има свое место. Чисто е убаво!“

Слични Објави