| |

Од каде им се парите на Општините?

Општините трошат пари, но, од каде доаѓаат тие пари?

Дотации – на средства од буџетот на Република Македонија и од буџетите на фондовите;

Донации примени од земјата и од странство и

Заеми од Буџетот на Република Македонија, како и од странство со претходна согласност на Владата на Република Македонија.

Сопствени извори

А) Локални даноци:

• Данокот на имот

• Данокот на наследство и подарок

• Данокот на промет на недвижности и права

Б) Локални такси:

• Комунални такси (фирмарина, јавно осветлување, користење на улици, користење на паркинг, истaкнување на реклами, соопштенија и огласи на јавни места и сл.)

• Административни такси (за барања, молби, предлози, пријави, жалби, решенија и сл.)

В) Локални надоместоци:

• Надомест за уредување на градежно земјиште

• Надоместоци од комунална дејност (водоснабдување, канализација, јавен превоз, одржување на јавна чистота, одржување на улици и патна сигнализација и сл.)

• Надоместоци за просторни и урбанистички планови

Г) Приходи од сопственост:

• Приходи од закупнина

• Приходи од камати

• Приходи од продажба на имот

Д) Приходи од парични казни

Ѓ) Приходи од персонален данок од доход наплатени во тековната година:

• 3% од персоналниот данок на доход од физички лица наплатен во општината во која се пријавени со постојано живеалиште

• 100% од персоналниот данок на доход од физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност регистрирани во општината

Слични Објави