| |

Могила повторно центар на детскиот фудбал – Над 1.200 деца на „Еден на Еден – Могила Куп 2025“

Од 13 до 15 јуни, општина Могила ќе биде домаќин на четвртото издание на детскиот фудбалски турнир „Еден на Еден – Могила Куп“, спортски настан кој прераснува во една од најзначајните детски спортски манифестации во регионов.

На турнирот се очекува учество на повеќе од 1.200 деца од цела Македонија, кои преку натпревари, дружење и забава ќе го претстават најдоброто од младинскиот спортски дух. За време на трите дена, стадионот во Могила ќе биде исполнет со млади фудбалери, тренери, семејства, љубители на спортот и бројни посетители.

„Ова не е само фудбалски турнир, туку вистински празник за нашата општина. Среќни сме што веќе четврта година по ред сме домаќини на ваков настан кој обединува млади луѓе од сите краеви на Македонија“

Турнирот „Еден на Еден – Могила Куп“ секоја година бележи сè поголем интерес, со што се потврдува неговата вредност во развојот на младинскиот спорт и локалната заедница.

Могила ве повикува – дојдете, навивајте и поддржете ги идните спортски ѕвезди! “- порача Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила

Општина Могила, како главен поддржувач на настанот, обезбедува целосна логистика и гостопримство за сите учесници и гости.

Слични Објави