ГЕНЕРАЛКА – ВИКЕНД ВО КРУШЕВО!
Во општина Крушево на 17 мај (петок), со почеток во 9:00 часот ќе се одржи акција за чистење во рамките на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД и во неа ќе може да се приклучат сите граѓани, кои сакаат да покажат пример за одговорност за својата заедница.
Локациите каде ќе се одржи акција за чистење се следни: Гумење и Влез на градот Крушево.
Да ја подигнеме свеста кај населението за почиста животна средина и поубав изглед на градот.
Да се приклучиме затоа што Крушево е наша иднина!!!
Стои во објавата од градоначалникот Томе Христоски