Нова еколошка услуга во Прилеп – Пријави текстилен отпад преку апликација
Нова можност за граѓаните на Прилеп – текстилниот отпад сега може бесплатно да се пријави и подигне директно од домовите преку новата „Тексомак апликација за домаќинства и институции“.
Колективниот постапувач Тексомак информира дека граѓаните кои имаат најмалку 5 килограми текстилен отпад ќе можат преку апликацијата да закажат бесплатно преземање на отпадот од нивниот дом или институција. Целта е текстилниот отпад да не завршува на депонии, туку да биде соодветно селектиран и рециклиран.
Во моментов, проектот е наменет за корисници од Општина Прилеп, со план во иднина да се прошири и во другите општини низ државата.
Покрај новата апликација, во Прилеп остануваат активни и редовните пунктови за селектирање текстилен отпад:
- пред продавницата „Сомниа Шоп“ во Комфи Ангел
- кај терминалот во просториите на ЈКП Комуналец
Како функционира апликацијата?
Корисниците најпрво треба да се регистрираат преку веб-страницата на Тексомак, во делот „Апликација за домаќинства и институции“. По најавувањето, се избира опцијата „Нов извештај“, каде се додава локација за подигање на отпадот.
За пријавата да биде валидна, потребно е:
- да се прикачи фотографија од текстилниот отпад
- да има минимум 5 килограми отпад
По поднесувањето на извештајот, корисникот ќе може да го следи статусот на подигањето и да види кој собирач е задолжен за преземање на отпадот.
Од Тексомак апелираат граѓаните активно да се вклучат во селекцијата на текстилниот отпад, со цел намалување на загадувањето и создавање поодржлива животна средина.
![]()
Водич за користење на апликацијата:
1. Корисникот влегува во апликацијата преку веб страната на teksomak.mk, во менито горе десно го наоѓа копчето “Aпликација за домаќинства и институции”.
2. Се најавува доколку има креирано профил или се регистрира на апликацијата доколку сеуште нема креирано профил.
3. После најавата/регистрацијата се појавува главното мени и се избира “Нов извештај”.
4. За да се креира извештај потребно е да се додаде локација од која сака корисникот да биде превземен текстилниот отпад. Се клика на копчето +Додади локација
5. Се отвара екранот од каде можеме да додадеме локации. Има можност за додавање повеќе локации доколку еден корисник има повеќе станови или објекти, кои ќе може да ги менаџира од еден профил.
6. Продолжува со поднесување на извештајот (потребно е да се прикачи слика како доказ) и минимум 5кг текстилен отпад , за да му биде доделено собирање.
7. По поднесувањето на извештајот му се појавува следниот екран, од каде ќе може да го следи статусот на подигањето и кој собирач му е доделен


