Започна турнирот во мал фудбал „Св. Никола 2024“ во Прилеп
Денеска 06. декември, започна најновото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Св. Никола 2024“ во Прилеп. Овој фудбалски турнир ќе трае до 22 декември, кога е закажано големото финале. Натпреварите ќе се одржуваат во две спортски сали, во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и во ООУ „Добре Јованоски“.
Пријавени се 32 екипи, кои се поделени во 8 групи.
Овој спортски настан е поддржан од Министерството за спорт на Република Македонија, покровители компанијата „Комфи Ангел“, здружение за мал фудбал КМФ Победа Прилеп, организатор општина Прилеп.
300.000 денари за победникот на турнирот, кој ќе ја освои главната награда, додека второпласираната екипа ќе замине дома со 180.000 денари, а третопласираната со 70.000 денари.
Сите љубители на мал фудбал ќе имаат можност да уживаат во квалитетните натпревари и спортскиот дух. Организаторите се надеваат на поддршка од публиката, која традиционално ја следи оваа спортска манифестација.