Каде одат локалните инспекции
Граѓаните можат да пријават до инспекциски служби или до градоначалникот некаков случај (за кој мислат дека треба да оди пред инспекција) и преку писмо, меил, преку општинската веб страница, преку шалтер во општината (архива), по телефон, или лично кај инспекторот. Ако не знаат кој инспектор е надлежен, ќе му кажат во општината.
Времето за кое инспекторот мора да реагира се движи од „итно“ (ден – два, до 5 дена), па до 1 месец најкасно.
Записници и/или решенија од инспекциските надзори треба да бидат исто така објавени, а треба да има објавено и програми, планови и извештаи за/од инспекцискиот надзор, како и решенијата, посебно ако се работи за животна средина, здравје или имот на граѓаните.
Од таа причина, општината мора да ги објави телефоните и меилите на инспекторите на својата веб страница, тие лесно да се наоѓаат на страницата, а не „да ги кријат“ во податоците за многуте сектори, одделенија и сл. Едноставно, тоа општините можат да го направат на својот органограм или со линк на главното мени. Сепак, тоа не е чест случај и граѓаните мораат да „копаат“ по општинските страници за да најдат такви информации.
Ова е лесна работа, која општините можат лесно и одма да ја направат, ако сакаат. Друга работа е да ги принудат инспекторите да им ги дадат тие податоци за објавување.
Но што и каде може да пријави граѓанинот? Инспекторот мора да биде „надлежен“ за некаква работа, за да постапува. Порано мораа да постапуваат по сите пријави, но сега на анонимни пријави не м ора да постапуваат, освен ако оценат дека е тоа јавен интерес.
Дури и „надлежен инспектор“ може да има предмети каде надлежностите се испреплетени и треба да се вклучат повеќе институции. Законот така ги испомешал работите, што понекаде не може ниту да се постапи, затоа што решенијата на некои инспекторати, во некои компликувани случаи, се однапред се осудени на неуспех.
Затоа, овој напис ќе се занимава со „другата страна на инспекторатите“ или поинаку, овој наспис има намера на граѓаните да им објасни што се тоа инспекторати, за што постојат, како се организирани, по кои закони работат, кои закони штитат, но и многу други нешта, кои нема да ги најдете како „информација“, но ќе влијаат кога ќе имаме мака.
Приказната е тука како и во секоја друга област во Македонија: Еден грст инспекторски какол го расипува целото жито. Но, каколот е поврзан со властите и не му можеме ништо, без опсежни и искрени реформи. Како тие да се спроведат со вакви политичари и уште полоши невладини организации, кои би требало да ја надгледуваат таквата реформа, ниту Бог не знае.
Инспекторите служат да се обезбеди спроведувањето на некој закон. На пример, законот за градба, законот за комунални такси, за разни даноци и сл., а тие работат спрема Законот за инспекциски надзор, кој го спроведува („надзира“) Инспекцискиот совет – централно тело на сите инспекторати. Ова тело издава и лиценци за инспекторите, најчесто после 1 година разни обуки и полагање, за кое велат дека не е нималку лесно. Инспекторите мислат дека оваа сертификација треба да се скрати на половина година, ем затоа што нема доволно општински инспектори, ем затоа што „било предолго сето тоа“. Поискусните инспектори велат дека тоа не е баш добра идеја. Постојат државни и локални инспектори и скоро се изедначени со Законот за инспекциски надзор од 2019 година.
Втор закон, кој го регулира работењето на инспекторите во поглед на казните е Законот за прекршоци, но тој многу тешко се спроведува (помалку од 30% пријави се ефектуираат од разни причини). Ваквата поставеност ја прави инспекциската служба високостручна служба, која не е адекватно наградена, ако самите инспектори „не подработуваат на црно“, или „подземаат мито“. Сепак, тоа „подземање“ се случува (скоро исклучиво) само ако инспекторот чувствува неказнивост за себе, а тоа се случува ако постои заштита од политичкиот естаблишмент, што ја добива ако инспекторот извршува незаконски налози по барање на истите тие, кои ја обезбедуваат неговата заштитата пред Инспекцискиот совет, обвинителството и судовите.
Приказната тука е како и во секоја друга област во Македонија: Еден грст инспекторски какол го расипува целото жито. Но, каколот е поврзан со властите и не му можеме ништо, без опсежни и искрени реформи. Како тие да се спроведат со вакви политичари и уште полоши невладини организации, кои би требало да ја надгледуваат таквата реформа, ниту Бог не знае.
Најопасниот фактор за (искрените и длабоките) реформите не се ниту политичарите, ниту НВО – ите. Тоа се најискусните и мошне учени и верзирани административци од високите ешалони, кои се поврзани со политиката, но за сопствена корист. За да ја остварат таквата корист, тие морат да бидат незаменливи за политичарите – незнајковци, што значи дека се сервилни, без долна граница, секогаш со желба да бидат дел од длабоката држава и да владеат од сенка. Некои од нив дури и не крадат, туку „баш мораат“ да бидат власт, без одглед која е гарнитурата.
Тие сè знаат, учествуваат во правењето закони и правилници, го советуваат министерот и државните секретари, подготвуваат реформи, стратегии и што уште не. Тие им се светат на поопасните транспарентни лидери на мислење и експерти, многу почесто отколку политичарите. Тие уживаат во својата улога во лавиринтот од закони, кој сами го создаваат, за само тие да можат слободно „да пливаат“ како ајкули. Тие се тука да го осмислат патот и реализацијата на најзабеганите желби на владините функционери, партиските бизнисмени и на парламентарците. Дозволуваат или блокираат, согласно закон.
Тие имаат внатрешен систем на цицање на државата (дневници, напредувања, патувања, услуги за пријатели и роднини, учество во комисии на други министерства, комисии и влада…), систем на „експлоатација“ на странските проекти за сопствени цели, учество во перпетум – мобиле партиското вработување, имаат систем на солидарност со судии, обвинители, професори… Тие се „мозокот“ на политикантите и нелегалните бизниси. Што и да прават, едно е константа: Реформи не смеат да се случат, барем не такви, кои нешто би смениле. Дури и политичарите тоа да го сакаат, реформи нема да се случат, затоа што овие елегантно ќе ги саботираат и преку самата стратегија за реформи и преку нивни послушни играчи – незналици, кои имаат само една цел, а таа е да ги елиминираат сите надворешни учесници во реформите, кои можат нешто да сменат. Тоа е целата приказна за реформите, кои мора да ги има, но ситуацијата и играчите мора да останат исти. Тие штеточини сѝ играат со државата како што сакаат, свесно дека нови играчи може да има само ако тие ги одобриле (најчесто се тоа нивни роднини или партнери, со кои го прават криминалот) и можат да го турнат секој конкурс, тендер, иницијатива, па дури и владите… Секој поискусен политичар тоа го знае и не се бори против нив, туку „сѝ легнува на брашното“ и ги користи нивните „услуги“, кои овие ги даваат со посебно задоволство, знаејќи дека тие се поврзани со сите – на сите нивои, а последните 20 години тоа е зајакнато и со женидбени врски (племенска држава). Тоа е нашето „благородништво“. И да дошле како „политички кадар“, ако се доволно вешти и учени, тие ќе избегаат од светот на политичката несигурност, во светот на експертската институционална сигурност и ќе станат „ТИЕ“!!!