Бесплатна правна помош и во Општина Новаци
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски заедно со министерот за правда Кренар Лога ја отворија Канцеларијата за бесплатна правна помош.
Граѓаните овде ќе имаат можност одблиску да се информираат и да добијат одговори за начинот на кој може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи го семејното насилство,старателство, дискриминација, социјална и здравствена заштита, работни спорови, оставински постапки и сл.
Бесплатната правна помош е наменета за ранливите граѓани кои се во тешка финансиска состојба со што ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.
Кампањата се реализира во различни региони во земјава и е поддржана од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.
Пристапот до правдата е дел од Поглавјето 23 ,,Правосудство и фундаменални права”. Целта е да се хармонизираат правната рамка и политиките во однос на бесплатната правна помош во согласност со стандардите на Совет на Европа како и да се зајакнат капацитетите за давање на квалитетни услуги. Пристапот до правдата е еден од критериумите за членство во ЕУ.