(видео) 80 години од библиотека „Борка Талески“ – Прилеп
Оваа година Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп одбележува голем јубилеј – 80 години постоење, работа и развој. Јубилеј што го врзуваме и со 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, како и со формирањето на бројни културни институции во државата.
Нашата библиотека, формирана на 22 октомври 1945 година, ќе го одбележи овој јубилеј со повеќедневна програма:
16 декември во 18 часот
Доделување благодарници, дипломи и награди за најдобрите ученици и ментори од традиционалните литературни конкурси. Добитниците добиваат и бесплатно членство за следната година.
17 декември во 12 часот
Средба со Клубот на литературни творци „Прилеп“, доделување благодарница и отворање изложба на „Поетско Марко Коле“ и дела од прилепски автори.
22 декември во 12 часот
Настан посветен на ликот и делото на патронот Борка Талески:
полагање свежо цвеќе, изложба и предавање од историчарот Горан Василевски.
Ќе бидат наградени и најдобрите читатели и донаторите на книги.
26 декември во 12 часот – Завршен настан
Отворање на повеќе изложби: ретки книги, издавачка дејност, уметнички дела, легати, фотографии од театарот и реквизити од старите прилепски занаети.
Ќе бидат доделени благодарници на долгогодишните соработници и поддржувачи.
Почитувани,
ви благодариме за поддршката во сите овие години. Ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на овој значаен јубилеј за Прилеп и за библиотеката.



