ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА МОГИЛА
Потпишавме Меморандум за соработка со министерот за правда Кренар Лога со кој на жителите од општина Могила ќе им се олесни пристапот до правдата и тие повеќе нема да патуваат до Битола за да се информираат за услугите и правните совети кои може да ги добијат од вработените во подрачното одделение на Министерството за правда.
Одстапен е простор во рамките на општинската зграда каде ќе функционира оваа канцеларија.
Бесплатната правна помош е наменета за ранливите граѓани кои се во тешка финансиска состојба со што ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.
Пристапот до правдата е дел од Поглавјето 23 ,,Правосудство и фундаменални права”. Целта е да се хармонизираат правната рамка и политиките во однос на бесплатната правна помош во согласност со стандардите на Совет на Европа како и да се зајакнат капацитетите за давање на квалитетни услуги. Пристапот до правдата е еден од критериумите за членство во ЕУ.