Каде одат локалните инспекции – пари, стручен кадар и техника

Продолжение

Ние од тоа се нагледавме и десетиците смешни обиди за некакви реформи (поттурнати „од надвор“) за „надпартиско именување“, дадоа катастрофални резултати – многу полоши отколку на партиите.

Општините се во малку чудна ситуација, затоа што општините се и „даватели на услуги кон граѓаните“ (по сила на закон) и самите сѝ вршат инспекциски надзор, што е нелогично. Општината е оснивач на разни комунални и други претпријатија, а треба „да ги тресе“ инспектор, кој работи во општината (тоа е отворен судир на интереси). Ако законски работи, инспекторот може да има последици и притисоци од самите градоначалници, кои им се работодавачи. Од тие причини постојат размислувања општините да немаат свои инспекторати, туку да постои национално или регионално инспекциско тело, некаква „Агенција“, што е смешен предлог, затоа што причините за незаконски влијанија нема да бидат отстранети, затоа што и директорот на таквиот инспекторат ќе биде поставен од некакви власти. Ние од тоа се нагледавме и десетиците смешни обиди за некакви реформи (поттурнати „од надвор“) за „надпартиско именување“, дадоа катастрофални резултати – многу полоши отколку на партиите.

               Постојат 45 видови инспекторати, а во општините ги има само во 10 области. Некои инспекторати на државно ниво имаат само по неколку инспектори, а најбројни се комуналните, градежните и инспекторите за животна средина. Тие „покриваат“ над 170 закони, кои се (често) противречни едни – на други и недоследни. Во нив нема јасно пропишани надлежности на секој посебен инспекторат, па дури може да се каже и дека тие ги имаат исплеткано надлежностите на инспекторите, до ниво да не мораат да постапуваат.

Исто така и различната регионална примена на законите придонесува самите фирми да не се придржуваат до законите („во Тетово нема казни, а во Битола за истото тоа – има“). Тоа ги одвраќа и инспекторите да постапуваат и сѝ воведуваат самите некој вид на бунт против таквата состојба.

Општините немаат доволно пари, стручен кадар и техника за да организираат ефикасни инспекциски служби. Тоа оди до таму што и предвидените позиции не се пополнети со инспектори, а 19 општини немаат ниту еден локален инспектор. Се разбира, да се биде инспектор не е толку безбедно, затоа што заканите и нападите не се баш ретки, а неретко нивниот интегритет е заложник на желбите на градоначалниците. Исто така и партиските и деловните структури – преку градоначалниците, можат да влијаат на инспекторите, за тие „да замижат“, да прекинат постапка и сл., што во очите на граѓаните изгледа како нерамномерна примена на закон (за едни може, за други – не), а не како незаконско влијание.

Исто така и различната регионална примена на законите придонесува самите фирми да не се придржуваат до законите („во Тетово нема казни, а во Битола за истото тоа – има“). Тоа ги одвраќа и инспекторите да постапуваат и сѝ воведуваат самите некој вид на бунт против таквата состојба.

               Инспекторските плати, споредено со сложеноста на работата и опасностите и влијанијата во извршувањето на нивната работа – се мизерни, а работат со многу слаба опрема и возила, често канцелариите им се полоши од студентско купатило. Да имаше повисока плата и стимулации за излегување на терен, другите фактори нема да бидат пресудни за чесна и посветена работа, но видовме порано дека судиите станаа банди митомани, токму откако безобразно високо им ги повисија платите, така што ова тешко можеме да го докажеме. За слаби надзори влијае и слабата стручна опрема за надзор, што може да доведе до многу прекинувања на започнати постапки.

Веројатно ништо не може да „удри“ толку болно на оваа струка како незнаењето. Дури и криминалот може да му симне капа на незнаењето, посебно кај новодојдените, од помладите генерации.

Ова беше и порано воочено, па е пристапено кон системот на обука и лиценцирање на испекторите, што ниоддалеку не е доволно, затоа што се тие обуки како швајцарско сирење – полни со „дупки“ и (често) не се покриени цели области од обуката. Едноставно, не е доволно да се знае ЗИН и Законот за прекршоци. Има тука многу материјални и генерални закони, и не само ЗОУП, туку и Законот за комунални дејности, за управување со отпад, за градење, за јавна чистота, за заштита од бучава…) но потребно е и следење на чести измени во законите. Рековме, инспекцискиот занает и знаење се (треба да бидат) високоспецијализирани. Сепак, кога има некакви обуки за инспекторите, тие ги оцениле како добрии корисни, па дури и над тоа.

               Незнаењето тешко се одвојува од законскта неусогласеност! На прво место тоа е широко борбено поле на ЗОУП со Законот за прекршоци и материјалните закони. Другиот фронт го водат материјалните закони и ЗОУП. Третиот фронт се неприменливите одредби во материјалните закони, а четвртиот различни надлежности за државните и општинските инспектори. Еве, на пример, локалните инспектори немаат надлежности да постапуваат во многу случаи на терен, кога со нив нема полиција (како ќе го натераш некого да се легитимира или да не си замине од местото?). Заминувањето од местото на надзор не мора ниту да се случи, затоа што се многу казни смешно ниски. Веројатно тие заминуваат затоа што се казните и глобите неусогласени, па не знае човек дали ќе го „перцаат“ по Закон за прекршоци или по материјалниот закон, што може да биде „небо – земја“ разлика.

               Незнањето често се зема како причина и кога се работи за корупција, па велат „не знаеше детето“. Инспекторите можат да ја саботираат секоја постапка (ако сакаат) со најтривијални постапки. На пример, може инспекторот да користи стари обрасци за записник и решение (општините вообичаено, нема нови пропишани обрасци), па неговото решение „да падне“ пред второстепената комисија. Или, може да издаде решение спрема материјален закон, а да биде спротивно одредбите на ЗОУП, па пак да падне. При посложени (читај „поскапи“) случаи, како што се оние за градење, инспекторот може да побара „комбиниран инспекциски надзор, со налог за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, па надзорот да се случи многу касно или да биде блокиран од другите институции. Се случувало градежниот инспекторат да отиде на терен и да врши надзор врз сосема погрешен објект, само затоа што на еден куќен број има 3 – 4 куќи, подредени со „а“, „б“, „в“. Така, тие нема да видат каде има истурено песок, вар, цигли, мешалки за бетон и сл. За 500 – 600 евра, некои инспекторати многу лесно се збунуваат.

Но, тоа е најмал проблем, како што не е огромен проблем и непостоењето на „пречистени верзии на закони“. Постојат многу случаи каде различни инспектори спорат по сосема различни верзии на ист чен, кој е изменет, избришан или додаден, но кој тоа ќе го следи, кога законите пречесто се менуваат, надополнуваат, трпат „автентично толкувае“ и сл? Кој ќе следи и дали се донесени подзаконските акти, кои се предвидени со носење на еден закон, а без кои не можеш да го спроведеш законот? А што ако тие подзаконски акти не ги носи истиот орган, туку некој друг орган „треба да ги донесе“? За среќа, сега се сите тие веќе донесени и раскошно стрчат против сите генерални закони, ама заборавија да направат и троковник за инспекциска контрола, па сега тие одат на сметка на општината и државата. Порано инспекторите барем земаа „мостри“ од алкохолни пијалаци, за да го проверат алкохолот – на државна сметка. Што да прават душичките со ваквата состојба, барем нека пијат да заборават и одат на гости со коњачиња и виски од мострите.

Надлежностите се сосема иста приказна. Во образованието не се знае што е општинско, а што државно, па за ист предмет и едните и другите си постапуваат и не се фермаат едни со други, посебно ако е општинската и државната инспекциска служба под различни партии (власт на централно и локално ниво).

Има уште потривијални проблеми, како што е различната терминологија во различни закони. Во ЗИН има „налог“, а во „матичните“ (материјалните) закони постои само „заклучок за извршување“. Дека е ова проблем говори фактот што Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, им ги ничкосува пријавите на инспекторите заради „законска неусогласеност“, затоа што во таа Комисија признаваат само постапување согласно ЗОУП. Така се и овците на број и волците (кои сакаат да ги глобат) сити.

               Овој занает бара мошне висока соработка внатре во системот, значи и со Инспекцискиот совет, како и со градоначалниците и другите државни органи (не само заради размена на информации, туку и за размена на експертиза за примена на цел куп различни закони). Често од тоа зависи квалитетот на постапката и изречените мерки. И тука се инспекторите прилично задоволни, освен со несразмерно високата зависност од градоначалниците и скоро половина од инспекторите сакаат тие да работат на регионално ниво, но како да не го разработиле системот во своите глави, дека тоа може да биде опасен и залуден инструмент, затоа што контролата би ја имале некои други повисоки структури, што не е воопшто систем на субсидијарност (најниската власт, која е способна за тоа, да ги извршува задачите), туку на централизација, затоа што „Регионите“ (Центри за развој на планските региони) немаат никаква сила и никој не знае заради што воопшто постојат. Џабе државата (или не знам кој) се грижи да им даде пари и работа на овие „Региони“. Тие се избор на општините, што значи: На партиите.

Сето ова го видовме во судството, кога се бореа да бидат независна власт. Да, навидум станаа власт, а суштински самите молеа да бидат под контрола на партиите, за „бизнисте да им бидат заштитени“, што им одговараше и од други лукративни причини. Како и да е, после реформите станаа 10 пати полоши, отколку пред. Затоа и инспекторите треба длабоко да размислат околу сопствениот систем и колкави надлежности треба да има Инспекцискиот совет над нивната работа, во услови кога нема доволно интегритет и знаење кај нив, а конците „одозгора“ ги влече длабоката држава. Прашањето е: дали Советот има сопствен интегритет?

Постојано има некакви анкети, во кои инспекторите треба да ги искажат своите мислења, за инспекторатите говорат и странските проекти, но и институциите, кои прават стратегии за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во кои нагласуваат дека постојат „силни ризици од корупција“ и анализираат ли и повторно анализираат каде се ризиците. Народот би рекол „чуди се Ангелејце колку деца имаш“! И што? Дошле до заклучок (ДКСК) дека треба „да се анализираат корупциските ризици во инспекциските служби, да се елиминираат, да се зајакне интегритетот и капацитетите на инспекторите, вклучувајќи ја и обврската да поднесуваат пријава за нивниот имот и судир на интереси“. Колкава залудност на празните тиради, за кои се трошат европски пари.

Слични Објави