Објавени листи на баратели кои ги исполниле/не ги исполниле критериумите за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2023 година во Прилеп

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година, а во согласност со Јавниот повик од 2023 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2023 година Број 09-1911/2 од 31.05.2023 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 31.05.2023 година),  Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2023 година.

Од вкупно пристигнатите 396 барања, 387 баратели ги исполниле критериумите, додека 9 баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2023 година.

Листа на баратели кои ги исполниле условите – преземи

Листа на баратели кои НЕ ги исполниле условите – преземи

Напомена:         Листите ќе бидат достапни на веб страницата на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во период од 15 дена од денот на објавувањето.

Слични Објави