Гулаби го најавија осветувањето на водите – Бог се јави!
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Утрово во црквата Св. Благовештение во Прилеп, симболично, беа пуштени и гулаби кои го најавија осветувањето на водите во Прилеп.
Гулабите се симболика на Светиот дух. Според христијанското верување кога Јован Крстител го крштевал Исус Христос на реката Јордан, над него се отворило небото и слетал Светиот дух во вид на гулаб.
Според христијанското предание, кога Христос имал 30 години, дошол на реката Јордан за да го крсти Свети Јован. Чувствувајќи дека Месијата е пред него, свети Јован го пречекува Исус со зборовите: „Треба да ме крстиш и дојди кај мене за да можам да те крстам“. Исус му одговорил: „Остави го сега, зашто треба да ја исполниме сета правда“. По тие зборови, Синот Божји влезе во Јордан. Тогаш небото се отвори над него и Светиот Дух се спушти на Исус во вид на гулаб. Во исто време, од небото се слушна гласот на Бог Отецот, кој вели: „Овој е мојот возљубен Син. Тој е по моја волја“.
Иако, при крштевањето на Исус, Бог се јавил во три лица – Бог Отецот зборувал од небото, Бог Синот се крстил во Јордан, а Бог Светиот Дух, во вид на гулаб, се спуштил од небото на главата на Христос. Тој момент го претставува објавувањето на Богочовекот и воведувањето на Христос во месијанската мисија. Настанот на откровението на Богочовекот, според светите книги, се празнува како Богојавление. Исто така, Црквата ја воспостави Светата тајна крштение за секој човек. Со крштевањето се станува член на Христовата црква и душата се чисти од секој грев.
Бог се јави!