Учениците се враќаат во училиште -Второто полугодие започнува без пролетен распуст
Учениците од основното и средното образование од утре се враќаат на училиште по трите недели распуст. Второто полугодие од учебната 2024/2025 година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите кои ќе ја завршат наставата на 16 мај.
Во оваа учебна година, нема да има продолжување на учебната година како минатата, бидејќи, за разлика од лани, нема да се одржи пролетен распуст.
Министерството за образование и наука, по спроведената анкета меѓу наставници, родители и ученици од повисоките одделенија, информираше дека мнозинството од нив не сакаат пролетен распуст.