Лекарите со препораки до лицата кои ќе скокаат по Светиот крст



Лицата кои утре ќе скокаат по светиот крст да бидат исклучително внимателни, претпазливи и сериозни, советуваат лекари, , имајќи ги во предвид ниските температури на воздухот и водата.

Според стручните совети, сите учесници треба да поседуваат потврда од матичен лекар за добра здравствена состојба пред да влезат во вода, на тој начин се избегнува можноста од несакани последици по влегувањето во студените води.

Избегнување алкохол: Консумирањето алкохол пред влегувањето во вода може да предизвика побрзо премрзнување и да го зголеми ризикот од здравствени компликации.

Времетраење во вода: Лицата не треба да остануваат во студената вода подолго од три минути за да се избегнат хипотермија и шокови на телото.

Заштита и топлина: Носењето обувки при влегувањето во вода е препорачливо, а веднаш по излегувањето е важно да се облече сува и топла облека.

Граѓаните кои сакаат да учествуваат треба да бидат претпазливи и да ги почитуваат сите препораки.

Слични Објави