Пролетта дојде, но зимата не заминува

​Вистина е дека зимата сè уште не си оди, со оглед на променливите временски услови во Прилеп. Еве ја прогнозата за следните денови: Утре (петок) ќе има повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, а во сабота услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Од понеделник утринските температури на повеќе места ќе бидат во минус. ​ – ЦУК временска прогноза.

Слични Објави