Затворениците ќе се ресоцијализираат со земјоделство – Меморандум меѓу МЗШВ и Управата за извршување на санкции

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.



Со меморандумот се воспоставува рамка за тековна соработка меѓу двете институции со цел обезбедување земјоделско земјиште во државна сопственост. На тоа земјиште ќе се реализира земјоделска дејност преку стопанско-инструкторските одделенија, кои функционираат во рамки на секторите за ресоцијализација во казнено-поправните установи.

Оваа иницијатива е значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица. Таа ќе им овозможи да стекнат практични вештини во областа на земјоделството, што ќе ја зголеми нивната подготвеност за успешно враќање во општеството по издржувањето на казната.

Соработката, според потписниците, претставува пример за спојување на ресорите на земјоделството и правосудството во интерес на подобри услови за ресоцијализација и општествена интеграција.

Слични Објави