Дали после 15ти Октомври – Меѓународниот ден на руралните жени, Земјоделките ќе остварат право на платено породилно отсуство
Денес во Градската Библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ЛАГ Агро Лидер во соработка со Мрежата за дискриминација ја одржаа конференцијата „Социјални, здравствени права и родова еднаквост во руралните средини“ во рамките на глобалното одбележување на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на руралните жени.
На конференцијата беше промовирано документарното видео „Земјоделки- светулки на маката“ изработено во соработка со Види Вака.
Целта на конференцијата е да ги претстави состојбите со дискриминација во пристапот до здравствени и социјални права и родова еднаквост во руралните средини.
Земјоделките сѐ уште немаат право на платено породилно отсуство и покрај тоа што Собранието во мај оваа година едногласно ја изгласа потребата од донесување на „Предлог закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување“ со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки. Земјоделци(ки)те немаат право на платено отсуство поради болест и повреда на работно место, додека земјоделството претставува високо ризична и тешка професија со бројни последици при здравјето.
На конференцијата беа присутни претставници од невладиниот живот, министерство за труд и социјала политика, жени земјоделки од руралните средини од пелагонискиот регион, агенција за вработување, АПРЗ и други.
На панел дискусијата се промовира анализата „Меѓународни стандарди и компаративни практики за остварување на правото на парични надоместоци заради привремена спреченост за работа поради болест, повреда, бременост, раѓање и мајчинство“ изработена од страна на Мрежата за заштита од дискриминација. од страна на Гоце Коцевски програмски директор од Македонско здружение на млади правници.
Од страна на Неда Чаловска, независна експертка беше даден преглед на Состојбата на правата Земјоделците во РСМ: АСПЕКТ НА СОЦИЈАЛНИ, РАБОТНИЧКИ ПРАВА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ
Свое излагање за правата на земјоделките низ призма на меѓународните обврски на (КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕМИЛИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ЖЕНИТЕ) имаше Стојан Мишев, од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
За унапредување на законската рамка со цел спречување и заштита од дискриминација кон земјоделките говореше м- р Драгана Дрндаревска, од Коалиција Маргини
Конференцијата има за цел да апелира за законски измени и итно преземање на мерки за унапредување на состојбата со човековите права на луѓето од руралните средини, имајќи ги предвид родовите бариери.
Апел до креаторите на политики да ја препознаат критичната улога и придонесот на руралните жени во зајакнувањето на земјоделскиот и руралниот развој, и да обезбедат заштита од дискриминација, еднаков пристап до права – како право на породилно отсуство, право на боледување, и да инвестираат во политичко и социо-економско зајакнување на руралните жени поддржувајќи го нивното целосно и рамноправно учество во одлучувањето на сите нивоа