Пожарот на депонијата кај Алинци под контрола – но активностите продолжуваат (ВИДЕО)
Ситуацијата се стабилизира, но активностите за целосно решавање на проблемот продолжуваат.
Во последните денови, жителите на Прилеп и делови од пелагонија се соочуваат со загаден воздух од пожарот кој избувна на депонијата кај Алинци. Денес претставници од општината изјавија дека ситуацијата е под контрола. Според информациите, од градоначалникот и претставници од надлежните служби кои беа на терен, велат дека се прават максимални напори и континуирано се обидуваат да го изгаснат пожарот и да спречат понатамошни последици.
„Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да Ве уверам дека ситуацијата е под контрола. Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици.“ изјав Јовчески.
Ангажирани се сите расположливи ресурси, вклучувајќи механизација и човечки капацитети. Вклучени се и компаниите Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, како и Територијалната противпожарна единица од Прилеп. За стабилизација на ситуацијата, голема улога играат и јавните претпријатија, како ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација.
„Благодарение на оваа заедничка акција, значително го намаливме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Денеска и екипата на ОТВ беше на терен кај депонијата Алинци, во продолжение видео од моменталната ситуација.
Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апел до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас.