Младите се запознаваа со надлежностите на градоначалникот и општината
Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес беше исполнет со детска љубопитност и насмевки. Во рамки на наставната програма, четвртоодделенците дојдоа да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.
Децата поставуваа интересни и искрени прашања, а разговорот беше исполнет со дружење и позитивна енергија.
„Се радувам што денес мојот кабинет и Општината беа исполнети со детска љубопитност и насмевки. Во посета ни беа четвртоодделенци кои, според нивната наставна програма, учат за Локалната самоуправа и за надлежностите на градоначалникот.
Разговорот беше исполнет со интересни и искрени прашања, а дружењето навистина убаво. Имав чест да угостам прекрасни гостинчиња, од кои може многу да се научи.
На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е постојано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача Проданоски.



