Трагедија на патот Градско–Прилеп: Две лица загинаа, четворица повредени
На 04.11.2025 околу 16:40 часот, во близина на село Радобил, прилепско, на магистрален пат Градско–Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа. Судирот бил меѓу патничко возило „Киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 31-годишен маж од село Тополница, и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишен маж од село Дреново, кавадаречко. На…



