| |

Граѓаните можат да поднесуваат жалби и поплаки за Реконструкција на тротоари на улица „Кеј 1-ви Мај“

Општина Прилеп ги информира граѓаните: Достапен Образец за поплаки за проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“



Во рамки на напорите за подобрување на локалната инфраструктура и создавање побезбедни и пријатни простори за пешаците, Општина Прилеп започнува со реализација на проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“, кој се спроведува како дел од Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија со финансиска поддршка од Светска банка.

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за „Реконструкција на тротоари на улица ’’Кеј 1-ви Мај’’ Прилеп во општина Прилеп.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Прилеп со започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.

Во прилог е поставен Образец за поплаки за целиот период за спроведување на проектот кој на официјалната веб страна на Општина Прилеп ќе остане објавен сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.

Сандачиња  за жалби и поплаки се ставени во приемно одделение  ЕЛС Општина Прилеп

Ул. “Прилепски Бранители” бр.1 Прилеп  и на локација, улица ’’Кеј 1-ви Мај’’- Прилеп. стои во известувањето од општина

За повеќе информации и за преземање на Образецот за поплаки, посетете ја веб-страницата на Општина Прилеп.

Слични Објави