Weihnachtsmarkt nach deutschem Vorbild in Prilep
Здружението на наставници по германски јазик – MKDV и Гете-институт Скопје, во соработка со училиштата од Општина Прилеп, и оваа година го организираат Божиќниот базар по германски пример. Настанот ќе се одржи на 15 декември 2025 (понеделник), од 12:30 до 14:30 часот, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“. Настанот е поддржан од Општина Прилеп.
Базарот ја носи магијата на традиционалните германски празнични пазари директно кај нас. Ученици од основните и средните училишта во Прилеп, како и гости од други градови, ќе создадат празнична атмосфера со игри, песни, новогодишни украси, ракотворби и богата празнична храна – сè бесплатно, од деца за деца.
Програма
12:30 – 13:30
Културно-уметничка програма на германски јазик со настапи на ученици од прилепските основни училишта, како и учество на најмалите од градинката „Вишне“ и приватната градинка „Ројал Кидс Хаус“.
13:30 – 14:30
Посета на штандовите, едукативни интерактивни работилници и дружење. Посетителите ќе можат да научат нови зборови на германски јазик, да понесат ново искуство и да се приклучат кон хуманитарната мисија на настанот.
Настанот има едукативна и хуманитарна цел – да поттикне знаење, емпатија и поврзување со германската култура. Поддржан е од повеќе општествено одговорни компании, партнер-училишта и институции кои континуирано ја промовираат германската култура и јазик.
Прилеп повторно ќе заблеска во празничен дух – со креативност, знаење и хуманост од најмладите.



