Средба на Проданоски со британскиот амбасадор Лосон – Нови инвестициски можности
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес оствари значајна протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. На средбата присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Прилеп, како и прилепските пратеници во Собранието.
Проданоски ја претстави актуелната состојба во општината, бизнис-климата која локалната власт ја унапредува, тековните и планираните инфраструктурни проекти и поволностите за идни инвеститори. Градот, како што беше истакнато, се гордее со својата богата традиција, квалитети и вредности што може да ги понуди на европските партнери.
Амбасадорот Лосон ја презентираше работата на Британската бизнис-асоцијација, со акцент на зајакнување на деловните врски и отворање можности за нови инвестиции во Прилепскиот регион.
Со пратениците беше отворена и темата за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, кој опфаќа капитални проекти од големо значење, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште – инвестиции што се очекува да донесат силен развоен импулс за регионот.
Заедно со присутните пратеници ја отворивме и темата за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, чија реализација опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, инвестиции што ќе донесат силен развоен импулс за Прилеп и поширокиот регион.
Продолжуваме да ги зацврстуваме и продлабочуваме нашите билатерални односи и да работиме на подобрување на условите за живот, развој и економски напредок на сите наши сограѓани. – истакна Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски
Од Општина Прилеп порачуваат дека продолжуваат да ги продлабочуваат билатералните односи и да работат на подобри услови за живот, развој и економски напредок на граѓаните.



