Градот под Пелистер ја отвори новогодишната магија

БИТОЛА БЛЕСНА ВО НОВА ПРАЗНИЧНА СВЕТЛИНА



Битола и кажа добредојде на празничната сезона. Претпразнично блескаат улиците, плоштадите и сите локации каде и годинава ќе се одвива магијата на „Зимската приказна“.

Главните градски улици, плоштади и јавни простори претпразнично заблескаа, најавувајќи ја новогодишната магија во градот под Пелистер.

Поставената новогодишна декорација, светлосните инсталации и украсените сцени ја преточуваат Битола во вистинска зимска бајка, подготвена за уште едно издание на програмата „Зимска приказна“. Граѓаните денес ги почувствуваа првите празнични вибрации, а многумина ја искористија можноста да ја прошетаат украсената Широк Сокак и да ја впијат новата празнична енергија.

Организаторите најавуваат богата предновогодишна програма, исполнета со културни настани, музички перформанси, детски активности и дружења кои ќе траат до крајот на декември.

Со оваа фотогалерија им пренесуваме на читателите дел од вечерната атмосфера и празничниот сјај што ја обвива Битола – подготвена да ја раскаже својата нова „Зимска приказна“.


Г

Слични Објави