| |

„Мојата визија“ – уметничка изложба во Кривогаштани

Младинскиот центар Кривогаштани ќе биде домаќин на уникатната изложба „Мојата визија“ на уметницата Светлана Гроздановска-Зуламоска, која ќе се отвори на 14 декември 2025 година во 17 часот.



Публиката ќе има можност да ужива во дела инспирирани од природата, месечината и органските материјали, претставени низ личната естетика и визуелна поетика на авторката. Изложбата ветува амбиент исполнет со мистичност, тишина и длабоки природни мотиви.

Настанот е отворен за сите љубители на уметноста, младите креативци и оние кои сакаат да откријат нови уметнички перспективи.

14.12.2025
17:00 часот
Младински центар Кривогаштани

Слични Објави