Младите докажаа дека гласот треба да се слушне – Прва ораторска вечер Ротарки Клуб – Прилеп
Во организација на Ротари клуб Прилеп, во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа првата градска ораторска вечер, посветена на Меѓународниот ден на човековите права. Темата на вечерта беше:
„Правото на изразување без цензура и ограничување“.
На настанот учествуваа 19 млади говорници, главно ученици од средните училишта во Прилеп, како и еден член на Ротаракт клубот кој настапи надвор од конкуренција. Настапите ги оценуваше стручна комисија составена од три професорки по македонски јазик, кои ги следеа ораторските вештини, говорната чистота, аргументацијата и сценскиот настап.
Организаторите истакнаа дека целта е „типкачката генерација да ја поттикнеме да зборува“ – да се охрабрат младите да комуницираат со збор, став и јавен говор, а не само преку екрани и пораки.
По сумирањето на поените, прогласени се следните победници:
1. место – Евгенија Димитриоска (290 поени)
2. место – Марко Костадиноски (285 поени)
3. место – Мила Вршкоска (270 поени)
Тројцата најдобри говорници ја освоија публиката со својата јасност, смелост и силна порака за значењето на слободното изразување.
Целосна ранг-листа од натпреварот
- Емил Батаклиев – / (настап надвор од конкуренција, Ротаракт)
- Евгенија Димитриоска – 290
- Марко Костадиноски – 285
- Мила Вршкоска – 270
- Софија Ристеска – 260
- Лаура Кајчановска – 260
- Наталија Тодороска – 245
- Никола Талески – 235
- Леонид Гешоски – 225
- Михаела Талевска – 220
- Давор Стојковски – 215
- Михаела Богевска – 215
- Ангела Петреска – 165
- Благојче Талески – 165
- Галина Гешоска – 155
- Теона Мајнова – 155
- Димитриј Ацимитрески – 130
- Леона Аврамоска – 115
- Анастасија Андријеска – 80
Младите покажаа дека слободата на говор е жива
Публиката имаше можност да слушне силни, автентични пораки, да види храброст кај младите оратори и да почувствува дека новите генерации имаат што да кажат — само треба да им се даде простор.
Организаторите најавија дека оваа ораторска вечер ќе стане традиција, со цел да се поттикне културата на јавен настап, критичко размислување и активно граѓанско учество кај младите.



