Градоначалникот Проданоски меѓу најмладите и највозрасните прилепчани во пресрет на празниците
Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари посета на институции каде што во овие денови најмногу се чувствува потребата од внимание. Проданоски ги посети најмалите пациенти на Одделението за детски болести во Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп, каде што со пригодни подароци и искрени желби им донесе празнична радост…


